Postcrossing uses cookies to help deliver its services. By using this website, you agree to its use of cookies. Learn more.

About Postcrossing

Learn all about Postcrossing.


Проектот

Целта на овој проект е да им овозможи на луѓето да примаат разгледници од целиот свет, бесплатно. Во ред, речиси бесплатно! Главната идеја е дека: ако ти испратиш разгледница, ќе добиеш најмалку една назад од случаен член на Postcrossing.

Зошто? Бидејќи, како и авторот, постојат многу луѓе кои сакаат да добиваат вистинска пошта. Елементот на изненадување кој го има добивањето на разгледница од друго место во светот (многу од кои никогаш не сте ги чуле) можат да го претворат поштенското сандаче во кутија на изненадувања - и кој не би го сакал тоа?


 

Како функционира?

Најпрво, кратката верзија:

  1. поднеси барање за адреса
  2. испрати разгледница на таа адреса
  3. чекај да ти пристигне тебе разгледница
  4. регистрирај ја примената разгледница во системот

Првиот чекор е барање за испраќање разгледница. Веб сајтот ќе ти даде (и ќе ти ја испрати по e-mail) поштенска адреса од друг член, заедно со Postcard ID (пример МК-786). Испрате разгледница на тој член.

Членот ја добива разгледницата и ја регистрира користејќи го Postcard ID кој е веќе запишан на разгледницата од твоја страна. Од овој момент, ти имаш можност да добиеш разгледница од друг член. Ти си сега во листата на чекање, од која се доделуваат адреси на членовите што бараат да пратат разгледница. Од каде ќе ти пристигне разгледница е изненадување!

Може да има максимум 5 разгледници кои патуваат истовремено. Откако разгледницата ќе биде примена и регистрирана, можеш да побараш нова адреса на која ќе испратиш разгледница. Бројот на разгледници дозволен да патува истовремено расте со бројот на испратени разгледници од твоја страна!

Сеуште имаш прашања? Провери ја секцијата за помош, или форумот.


Translated by the member Vlatko.